Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Марсениќ: Натпреварот е важен за психолошки да се вратиме на вистинскиот пат
Марсениќ: Натпреварот е важен за психолошки да се вратиме на вистинскиот пат

Марсениќ: Натпреварот е важен за психолошки да се вратиме на вистинскиот пат

Денес ракометниот клуб Вардар одржа прес-конференција по повод натпреварот од дванаесеттото коло од лигата на шампиони. Во Скопје доаѓа екипата на Кристијанштад од Шведска, која се наоѓа на седмото место на табелата, со шанси да избори пласман во осминафиналната рунда. Пред медиумите на пресот се обратија тренерот Гонзалес и Мијајло Марсениќ.

-Кристијанштад е во добра форма, игра добро и нема притисок. Одиграа многу добро минатата недела, со добра 6-0 одбрана, од која произлегуваат контранапади. Се грижам за Џамали, тоа е еден одличен играч со многу добар шут. Ние имавме време за добро да тренираме и да се подготвиме, не беше така пред натпреварот со Рајн-Некар, тогаш имавме два меча во СЕХА и патувавме. Меѓутоа имаме проблеми со некои играчи: Не знам дали ќе игра Штербик, тој има болки во Ахиловата тетива, но ако не биде спремен верувам дека Ангелов и Милиќ одлично ќе си ја завршат работата. Карачиќ сигрно нема да игра, тој ќе дојде денеска и ќе видиме уште колку денови ќе му требаат за да се опорави од операцијата и да почне да тренира“, изјави Раул.

Марсениќ најавид ека Вардар е апсолутен фаворит и дека одиме на победа на овој меч.

-Натпреварот в сабота е многу важен за нас за психолошки да се вратиме на вистинскиот пат. Кристијанштад доаѓа да одигра натпревар без притисок. Ќе се потрудиме да одиграме што подобро, добро трениравме оваа недела. Мора да го спречиме нивниот контра напад, апсолутни фаворити сме на овој меч и одиме на победа, рече Марсениќ.