Двата женски црвено-црни ракометни колектви ги чекаат сериозни европски предизвици во наредните денови. Избраничките на Кастратовиќ и Камара во недела го пречекуваат европскиот и црнагорскиот женски ракометен шампион екипата на Будуќност, а младите девојки од Жрк Вардар Јуниор ден подоцна исто така во С.Ц. Јане Сандански ќе имаат европски меч со украински Карпати во рамки на Челинџ купот. По тој повод утре ,петок ќе се одржат две прес-конференции на овие две екипи, по повод истите клубот излезе со соопштение до јавноста и медиумите, во истото се вели следното :
Ве информираме дека на ден 19 февруари (петок), во 11:30 часот, во СЦ „Јане Сандански” во собата за видео-проекции (што се наоѓа веднаш до конференциската сала), ракометниот клуб Вардар јуниор ќе одржи прес-конференција.
Поводот е натпреварот во четвртфиналето од ЕХФ Челинџ купот во женска конкуренција, меѓу Вардар јуниор и Карпати од Украина, што е закажан за 22 февруари (понеделник) во 18:30 часот.
Веднаш по завршувањето на прес-конференцијата на Вардар јуниор, во 12:00 часот во истата сала ќе се одржи прес-конференција по повод натпреварот од главната фаза во ЕХФ Лигата на шампионите, меѓу Вардар и Будуќност од Црна Гора. Натпреварот е закажан за 21 февруари (недела) во 17,30 часот.
Ќе ни претставува големо задоволство доколку не почестите со Вашето присуство.