Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Атлетика > АТЛЕТИКА! Вардарецот Марко Ивановски со повеќе од одличен пласман на полумаратонот во Барселона

АТЛЕТИКА! Вардарецот Марко Ивановски со повеќе од одличен пласман на полумаратонот во Барселона

markoВикендов  поточно на 14.02.2016 на улиците на Барселона се одржа еден од најмасовните полумаратони, а воедно и еден од најквалитетните натпреварувања во оваа дисциплина. Нашиот атлетичар Марко Ивановски, на овој полумаратонот во Барселона (Mitja Marato de Barcelona) , патеката од 21.097 метри ја истрча со време од 1:20;39.

Ова време за Вардарецот Марко Ивановски беше повеќе од одличен пласман, тој се позиционираше на на 352 место од дури 10.034 учесници во машка конкуренција.”Mitja Marato de Barcelona” има Bronze Label од IAAF за улични трки и е еден од најмасовните полумаратони во Европа, кој оваа година имаше рекордни 16.511 учесници. За неговата популарност говори и податокот што на минатогодишното издание беше постигнат светски рекорд во полумаратон во женска конкуренција од страна на кенијката Флоренс Киплагат. Радува и фактот што Ивановски кој го следеа голем број на повреди конечно успеа да влезе во посакуваната форма, и се надеваме ако повредите го одминат во иднина дека ќе има дузина одлични пласмани впишано оваа година зад своето име.