Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > КУГЛАЊЕ! Вардар гостува кај Империал Тобако, во рамки на МКЛ
КУГЛАЊЕ! Вардар гостува кај Империал Тобако, во рамки на МКЛ

КУГЛАЊЕ! Вардар гостува кај Империал Тобако, во рамки на МКЛ

Викендов на програмата се возбудувањата од македонската кугларска лига, ќе се одигра според распоредот 8-мото коло во МКЛ. Избраниците на Драги Димитровски по два домашни меча, ќе гостуваат ова коло во кугларската лига .

Црвено-црниот кугларски колектив ќе гостува  во кугларницата “Мусандра“ кај фенерџијата на лигата екипата на Кк Империал Тобако ТКС.  Овој меч е закажан за сабота 20/02/2016година, и истиот е  со почеток во 10-00 часот.  Во првиот дуел оваа сезона нашата  екипа го доби со убедливи 8-0  меч кој се играше на наш терен. Во истиот најдобри поединци кај вардарци беа Влаќевски и Димитар Димитровски.  Во изминатото коло гостин ни беше екипата на Кк 18 Август Адинг, вардарци и во овој дуел беа убедливи и однесоа победа со резулат 7-1 (21-3). Вардар во саботниот дуел влегува од улога на фаворит против екипата која има нула бодови, а воедно во истиот влегува и како лидер на  табелата во МКЛ со еднаков број бодови како и единствениот наш ривал за титулата екипата на Макпетрол.