Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Андријана Будимир: Вардар има голема иднина и Македонски играчи кои достоинствено ќе го претставуваат клубот во секое натпреварување
Андријана Будимир: Вардар има голема иднина и Македонски играчи кои достоинствено ќе го претставуваат клубот во секое натпреварување

Андријана Будимир: Вардар има голема иднина и Македонски играчи кои достоинствено ќе го претставуваат клубот во секое натпреварување

Голем успех за пионерите на ракометниот клуб Вардар на силниот меѓународен турнир во Србија, кој во периодот од 13-15-ти февруари се играше во Зрењанин. Избраниците на Андријана Бдимир го освоија одличното второ место, откако во финалето бевме поразени од екипата на Камп Растимо. На овој натпревар одигравме рамноправно цело прво полувреме, кога имавме негатива од само еден гол. Сепак заморот од полуфиналниот меч си го стори своето па црвено-црните на крајот завршија на одличното второ место. На целокупниот турнир беа забелажани вкупно три победи и три порази, а најслаткиот триумф беше против силниот Партизан, кој беше еден од фаворитите за освојување на турниорот. Тренерот на оваа генерација Андријана Будимир за нашиот сајт ги сумира целокупните впачатоци од настапите на својот тим, секако со огромно задоволство од прикажаните игри на своите избраници.

-Можам само да кажам дека сум могу горда на мојата екипа, која максимално професионално го одработија турнирот во Зрењанин. Полека почнуваат да сфаќаат што значи да се биде дел од гигантот наречен Вардар. Задоволна сум од постигнатите резултати, иако има уште многу елементи, кои треба да ги совладаме, сепак мора да се напомене дека ова им е прв меѓународен собир. Ваквите турнири овозможуваат децата да напредуваат и созреваат и секоја победа и пораз допринесуваат за нивно поголемо искуство.

Повеќе од 80 екипи беа дел од силниот турнир во Зрењнин. Имаше тимови од Србија, Црна Гора, Романија, БИХ, Хрватска и секако од Македонија. Несомнено е дека вакви натпревари ни фалат, со оглед дека домашната лига ја сочинуваат мал број на екипи.

-Турнирот беше организиран на највисоко ниво, имаше екипи од многу други земји. Треба да се напомене дека нашите деца во домашната лига одигруваат вкупно 16 натпревари годишно, додека имаше екипи како Партизан и Војводина кои секоја година играат по 100-тина натпревари. Децата беа разочарани што не победија во финалето, но не се свесни каков успех постигнаа и уште еднаш ќе напоменам дека сум многу горда на резултатот што го постигнавм. Благодарение на совршените услови што ракометниот клуб на Вардар ни ги овзоможува и талентот кој децата го поседуваат, можам да кажам дека Вардар има голема иднина и Македонски играчи кои достоинствено ќе го претставуваат клубот во секое натпреварување, изјави Андријана Будимир за Вардар фанс.

Звонко Ивановски