Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Утре пионерите, кадетите и пом.пионери на ФК Вардар ќе одиграат тест-мечеви со Беласица во Дојран
Утре пионерите, кадетите и  пом.пионери на ФК Вардар ќе одиграат тест-мечеви со Беласица во Дојран

Утре пионерите, кадетите и пом.пионери на ФК Вардар ќе одиграат тест-мечеви со Беласица во Дојран

Три вардарови генерации кадетите и пионерите и помладите пионери кои предводени од Влатко Колев, Сашо Тодоровски и Сашо Јанев во периодот од 16-21 февруари своите подготовки ги одржуваат во  спортскиот центар Истатов во Дојран.

Тие утре ќе одиграат три контролки со своите врсници од струмичка Беласица. Најмалите фудбалски надежи на црвено-црните, помладите пионери својот меч ќе го одиграат со почеток во 09:30 часот. Мечот на пионерите на Вардар и на Беласица ќе се игра напладне во 11:00 часот, а по нив во 13:00 часот ќе стартува тест-дуелот на кадетите со своите врсници. Заминувањето на југот од земјата во Дојран е со цел што е можно поквалитетни подготовки пред пролетниот  дел од сезоната во младинските лиги , чиј старт е закажан за на  12-ти март. Сите три меча ќе се играат на терените во склопот на спортскиот центар Истатов во Нов Дојран.