Наскоро во функција се враќа старо-новиот дом, на младинската школа на ФК Вардар, „Кирил Симоновски-Џина“.
Се работи за фудбалскиот терен во населбата Аеродром, спротив спортскиот центар Јане Сандански. И во минатото, академијата на ФК Вардар тренираше и играше натпревари на овој терен, но долго време теренот потоа теренот беше запуштен.
Теренот целосно се реновира и доби нов лик, на кој има поставено и рефлектори, па се очекува за многу брзо време, на истиот да тренираат младите вардарови надежи.