Tuesday ,30 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Фаворитите остварија победи во 4.коло на ракометната Супер Лига
Фаворитите остварија победи во 4.коло на ракометната Супер Лига

Фаворитите остварија победи во 4.коло на ракометната Супер Лига

Фаворитите продолжуваат по планот, во 4.коло на групата Б од ракометната Супер Лига. Вардар ја продолжи победничката серија, четврта во низа во групата. До победи во ова коло стигнаа и екипите на Еурофарм Пелистер, Бутел и Пролет.

Комплетни резултати од одиграното 4 коло:

Прилеп – Вардар  22:35

Пролет – Мулти Есенс  27:22

Вардар Неготино – Еурофарм Пелистер  22:35

Бутел – Голден Арт  29:23

Вардар е осамен на врвот на табелата со максимални 12 освоени бодови, пред Еурофарм Пелистер и Пролет кои имаат по 9 бодови.