Викендов, возниот парк на еден од најорганизираните црвено-црни колективи БК Вардар се дополни.
Од клубот искажуваат благодарност до потпретседателот г-н Далибор Милановски и фирмата РолоМонт. Вардарци на располагање ќе имаат брендирано возило, комбе Мерцедес Вито за потребите во земјава и надвор од неа.