Младинците на РК Вардар со висок пораз ја стартуваа сезоната во младинската ракометна лига. Во рамките на првото коло, младите вардарци беа поразени од екипата на Алкалоид со резултат 20:37 (7:15)
Само во првите пет минути имаше резултатска неизвесност кога резултатот беше 1:1 и 2:3, за Алкалоид некаде на средина од првиот дел да има предност од 3:10. До крајот на првиот дел само го зголемија водството и после 30.минути игра во спортската сала „Круме Кепески“ се замина со резултат 7:15.
Со серија од 0:6 започна и второто полувреме, за веќе највисоки 7:21 предност за гостите, по што беше јасно веќе кој ќе стигне до првиот триумф сезонава во младинската конкуренција. До крајот, Алкалоид не само што ја одржа позитивата, туку истата и ја зголеми за конечни 20:37.
Во нашите редови најефикасен беше Антонијо Трајановски со 7 голови, додека по 3 имаа Огнен Тасевски и Наум Антевски.
ФОТО: RK Alkaloid