Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Кадетите со победа, младинците без бодови од гостувањето во Струмица
Кадетите со победа, младинците без бодови од гостувањето во Струмица

Кадетите со победа, младинците без бодови од гостувањето во Струмица

Кадетите ја совладаа Беласица со 1-2

Првиот дел го започнавме со наша иницијатива, имавме повеќе од играта во поле. Во 16.минута Бектеши Хабиб одлично го пронајде Спасовски Милош кој со удар од 16.метри донесе предност од 0-1. До крајот на првиот дел се заканивме преку Галевски и Танчев, сепак со гол предност заминавме на одмор.

Во вториот дел тргнавме да ја удвоиме предноста, Михајловски во 54.минута асистираше до Галевски Кристијан кој погоди за 0-2. До крајот одлично одигравме, домаќинот само успеа да намали на 1-2, но бодовите ги освоивме ние.

Вардар: Краљевски Максим , Настевски Ангел , Атанасовски Лука , Крстевски Марко, Наумовски Лука, Танчев Михаил, Туша Харбин, Ѓорѓиевски Матеј, Галевски Кристијан, Бектеши Хабиб и Спасовски Милош.

Играа уште: Анастасов Матеј, Хасиќ Мирза ,Михајловски Олег, Бошковски Андреј и Цековски Давид.

Младинците беа совладани со резултат 3-0 (3-0) од Беласица

Вардаровите играчи денес немаа свој ден кога е во прашање реализацијата. Имавме шанси преку Уневски, Дошев, потоа Лефковски, Гаштаров и Николовски сепак за жал мрежата на ривалот не успеавме да ја затресеме. Противникот тоа го казни со погодоци во нашата мрежа на овој дуел.

Состав младинци: Филевски Никола, Фидановски Зоран, Радески Златко , Дошев Ѓорѓи, Јакимовски Лука, Лефковски Давор , Бундалески Максим, Гаштаров Матеј, Смиљков Филип, Спасиќ Тино и Николовски Марко.

Играа уште: Илиевски Леонид, Стефановиќ Виктор, Цветановски Матеј, Кулуковски Влатко, Крстевски Антонијо, Кузмановски Михаил и Уневски Никола.