Sunday ,08 September 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Продолжува победничката серија за РК Вардар
Продолжува победничката серија за РК Вардар

Продолжува победничката серија за РК Вардар

Екипата на РК Вардар стигна до четвртата последователна победа во Супер Лигата, откако запиша бодови и на гостувањето кај екипата на РК Прилеп. Рутински триумф за црвено-црните кои славеа со резултат 22:35.

Уште од стартот на натпреварот имавме контрола на играта и резултатот, а на полувреме имавме солидна предност од 11:18. Половина од головите во овој дел ги постигна Матија Николиќ.

Во вториот дел само растеше водството, за на крајот да славиме со 13 гола разлика, конечниот резултат гласеше 22:35.

Матија Николиќ беше најефикасен со 10 голови, Томислав Јагуриновски имаше 7, додека Хансер Родригез постигна 4 гола.