Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Убедлива победа за ЖРК Вардар на натпревар од Супер Лигата против Овче Поле СУ
Убедлива победа за ЖРК Вардар на натпревар од Супер Лигата против Овче Поле СУ

Убедлива победа за ЖРК Вардар на натпревар од Супер Лигата против Овче Поле СУ

Вардарки стигнаа до втората последователна победа во Супер Лигата, откако попладнево во спортската сала „Круме Кепески“  беа подобри од екипата на Овче Поле СУ со резултат  45:22  (23:12).

Во првите десет минути од натпреварот гледавме игра гол за гол на двете страни, ние првата предност ја имавме во 7.минута кога Попова погоди за 4:3. Како одминуваше натпреварот ние ја превземавме контролата на играта и резултатот. Со два последователни голови на Ивона Трпевска и еден на Сара Стефаноска до средината на првото полувреме имавме водство од 12:8. На голот застана Вероника Ѓорѓиевска која до истекот на првите 30 минути имаше неколку одбрани.

385681327_1014831482930016_3676283565775840273_n 385695188_1014832179596613_3312527321544833513_n

Екипата на Овче Поле СУ не успеа да се врати во игра, ние воспоставивме брзо темпо на игра кое противникот не можеше да го следи. Нашата предност само растеше, Стефаноска погоди за 15:9. додека со головите на Борјана Коцева и нов на Стефаноска во 22 минута имавме високи 18:10 водство. Набргу стигна и двоцифрената предност, кога резултатот на семафорот гласеше 20:10 во 23.минута, со головите на Василевска и Ивановска. На полувреме резултатот гласеше 23:12 во наша корист, по што беше јасно кој ќе ги освои бодовите на овој натпревар.

385698556_1014831966263301_6628123905093276824_n 385710171_1014832566263241_3078740487088298859_n 385735777_1014832519596579_2459330250691908831_n

Имавме фуриозен старт и на вториот дел, кога со пет голови во серија имавме највисоки 27:12. Тренерскиот двоец на нашата клупа, Царчев и Платон, шанса за настап им дадоа на сите ракометарки кои беа на располагање за овој натпревар. И вој вториот дел само растеше позитивата, за конечниот резултат на крајот да гласи 45:22.

Три ракометарки постигнаа по 8 голови, се работи за Ивона Трпевска, Сара Стефаноска и Симона Василева.

Вардар: Стојчевска, Ивона Кимовска 2, Ивановска 2, Попова 2, Стефаноска 8, Галачева, Василева 8, Велјаноска 1, Илиќ, Борјана Коцева 4, Трпевска 8, Ива Комовска 1, Симоновска, Радевска 4, Ѓорѓиевска, Бојана Коцева 5.

Вероника Ѓорѓиевска беше одлична на голот со 12 одбрани, додека Марија Галачева имаше 5 интервенции.