Tuesday ,30 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Прва сезонска победа за пионерите на ФК Вардар
Прва сезонска победа за пионерите на ФК Вардар

Прва сезонска победа за пионерите на ФК Вардар

Пионерите со голови во второто полувреме, до прва победа сезонава во Супер Лигата. На натпревар од 4.коло во пионерската Супер Лига, кој денес се одигра на теренот во Кадино, нашите млади надежи стигнаа до триумф над Беласица со резултат 3:0 (0:0).

Во првиот дел не видовме некои посериозни прилики кон двата гола. Една шанса имаше гостинскиот тим, но одбрани Лука Јаневски, додека кај нас се обиде Фуад Керими, на асистенција од Јорданоски, но по првите 45 минути резултатот гласеше 0:0.

384527105_295467183240375_7881804088264089860_n

На стартот на вториот дел, нашиот тренер направи неколку измени, кои дадоа резултат. Токму врз нововлезениот Антонијо Крстевски беше направен прекршок во противничкиот шеснаесетник, по што главниот судија покажа на белата точка. Михаил Јорданоски упати добар удар, но топката ја погоди стативата, па не успеавме да постигнеме гол. Вардаровите пионери беа во целосна офанзива и опсада кон голот на Беласица, во добра шанса се најде и Блажевски, а веќе во следната прилика, после центар шут од корнер, предност од 1:0 ни донесе Филип Дамевски кој со глава ја затресе мрежата.

385698530_295466673240426_1469223624791785759_n 385705187_295467589907001_9216666125473114328_n

После продор на Крстевски од десната страна, во добра позиција се најде Стефан Атанасовски, кој не погоди, додека во следната акција, после центар шут од левата страна на Јорданоски, на вистинското место се најде Иван Блажевски кој донесе предност од 2:0. До крајот постигнавме уште еден гол, дело на Филип Стефанов, кој после удар од прекин на Антонијо Крстевски кој ја погоди пречката, Стефанов се најде на вистинското место и погоди за 3:0.

Вардар: Лука Јаневски, Фуад Керими, Иван Блажевски, Михаил Јорданоски (К), Ненад Стојанчевски, Гаврил Петаноски, Марко Џолев, Бобан Бакрачески, Гоце Трајчевски, Миле Дрогрешки, Филип Дамевски.