Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > „Падна“ и Беласица, пом.пионери на Вардар со нов триумф во Супер Лигата
„Падна“ и Беласица, пом.пионери на Вардар со нов триумф во Супер Лигата

„Падна“ и Беласица, пом.пионери на Вардар со нов триумф во Супер Лигата

Третта последователна победа за помладите пионери, Вардар беше „пресилен“ за Беласица. На натпревар од 4.коло во помладата пионерска Супер Лига, Вардар ја победи Беласица со резултат 8:1 (6:0).
385728107_295402223246871_5453313794484885125_n
По само 13.минути игра имавме водство од 4:0, од кои два гола беа дело на Стефан Бујароски, двата ремек дело на нашиот играч, кој погоди во 1 и 13.минута од натпреварот. Дамјан Буцевски беше играчот кој во 6.минута ни донесе предност од 3:0, додека Петар Блажевски се најде на вистинското место и погоди на одбиена топка, за водство од 4:0 во 10.минута. До крајот на првиот дел успеавме да постигнеме уште два гола во мрежата на Беласица, Дамјан Буцевски со својот втор гол донесе предност од 5:0 во 36.минута, додека во 39.минута, Христијан Јевтоски го зголеми резултатот на 6:0. кој беше актуелен на полувреме.
385705960_295403649913395_3125672738873023897_n
Матео Каранфилоски беше играчот кој во вториот дел упати удар кон голот на противникот, но одбрани голманот на Беласица, додека Ендрит Кадрији ја зголеми предност на 7:0. Во вториот дел, Влатко Колев, им даде шанса на сите играчи кои беа на клупата на резерви за овој натпревар. Екипата на Беласица успеа да постигне почесен гол и да го намали резултатот на 7:1, додека со авто гол на противникот, беше поставен конечниот резултат од 8:1, на овој натпревар од 4.коло во помладата пионерска супер лига.
385691810_295401979913562_3586088612605321556_n
Вардар: Павел Грбевски, Христијан Јевтоски, Филип Цветковски, Леонид Стамчевски, Иван Ташовски (К), Душан Бојовиќ Заев, Стефан Бујароски, Петар Блажевски, Дамјан Буцевски, Стефан Стаматоски и Данило Делев.
385706808_295402836580143_9062919680372073105_n
Играа уште и Лука Богдановски, Матеј Георгиев, Ендри Кадрији, Матео Каранфилоски, Михаил Алексов и Леонид Стојкоски.