Bо рамки на првото коло од Регионалната лига, Вардар генерација 2010 дојде до победа над ФК Скопје со убедливи 8-0 (5-0).
Први ние се заканивме на оваа средба, преку Краљевски и Атанасовски кон голот на гостинот. На сцена стапи Ибраими Џихан, кој најпрвин упати одличен шут од слободен удар, а во следната акција стрелаше за отварање на предноста со 1-0. Кратко по тоа Краљевски беше фаулиран пред противничкиот гол, истиот играч поради кој добивме пенал погоди за удвојување на предноста и водство со 2-0. Митевски Лука беше стрелец на голот за водство со 3-0. Се редеа шанси пред голот на гостинот, Краљевски и Ибраими имаа големи прилики за нов погодок. Тоа му успеа на Атанасовски Михаил кој погоди за 4-0. Вардарци доминираа и успеаа да поведат со високи 5‐0 на 5.минути пред крајот на првиот дел Ибраими Џихан стрелаше умешно. На одмор се замина со висока предност на црвено-црните.
Вториот дел го започнавме како што го завршивме првиот со наша иницијатива, најпрвин се закани капитенот Трпевски, а потоа прилика имаше и Атанасовски. По 10.минути игра во овој период погодивме, Трпевски Матеј стрелаше за високи 6-0. Во следната акција Павел Антевски излезе сам со голманот на Скопје и рутинирано погоди за 7-0. Покрај високата предност ние бевме тимот кој доминира во поле, имавме повеќе од играта и поседот. Конечните 8-0 ги постави Краљевски пред крајот на дуелот.
Вардар: Ангеловски Марио, Аврамоски Калин , Трпевски Матеј, Митевски Лука, Ибраими Џихан, Атанасовски Михаил, Антевски Павел, Јоакимовски-Јакимовски Лука, Јовановски Ведран, Краљевски Мартин и Донев Стефан.
ФК Вардар ген.2009 во 1 коло од Регионалната игра на домашен терен го совлада Скопје со убедливи 13-1.
Отворивме со погодок на оваа средба само 2.минути по нејзиниот старт топката дојде до Бошковски Коста, кој рутинирано стрелаше за 1-0. Успеавме да ја удвоиме предноста преку Нешовски Ангел кој погоди за 2-0. По овие погодоци се заканија Котевски-Митровски со глава и Бошковски Коста. Не чекавме долго на третиот погодок, за нас стрелаше Даниел Колевски за 3-0. Вардар имаше далеку повеќе посед на оваа средба и доминираше во сите аспекти на фудбалската игра. Коста Бошковски стапи на сцена, погоди потоа во два наврати за високи 5-0. По едно одлично нафрлување од десната страна со глава погоди Павел Котески-Митровски. Со неговиот погодок за 6-0 заминавме на одмор.
Вториот дел го отворивме офанзивно со погодокот на Јовиќ Андреј, кој стрелаше за 7-0. Вардарци доминираа во сите аспекти на фудбалската игра на оваа средба. Противникот не можеше да се носи со нашите момци на оваа средба која се играше во Кадино. Симон Ѓорговски погоди за 8-0, противникот по една контра намали на 8-1.Сепак веднаш Матеј Ристовски ја врати предноста од 8.гола и стрелаше за 9-1. За 10-1 погоди Лука Галевски. Дојдовме и до двоцифрен број голови предност, Смиљков Мартин по соло-продор погоди за 11-1. Во игра во второт дел влегоа помеѓу другите и Ристевски Матеј и Величковски Даријан кои стрелаа за за убедливи 13-1
Вардар: Грчевски Лука, Колевски Даниел, Дошев Максим, Котески-Митровски Павел, Павлов Вито, Нешовски Ангел, Бошковски Коста, Колевски Давид, Ангеловски Вилијам, Галевски Лука и Јовиќ Андреј.