Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Ѓурковски стартер, Омерагиќ асистент на двата гола за Македонија која ремизираше со Албанија
Ѓурковски стартер, Омерагиќ асистент на двата гола за Македонија која ремизираше со Албанија

Ѓурковски стартер, Омерагиќ асистент на двата гола за Македонија која ремизираше со Албанија

Нерешен резултат од 2:2 е епилогот од првиот одигран контролен натпревар помеѓу репрезентациите до 18 години на Македонија и Албанија.

Противникот на два пати водеше, но Македонија се враќаше во игра и на крајот мечот зарши без победник. Во листата на стрелци не се запиша играч на Вардар, но Азер Омерагиќ беше асистент за двата погодоци на Македонија.

Во стартниот состав на овој дуел се најде Александар Ѓурковски, додека во игра во вториот дел покрја Омерагиќ се најде уште и Леонид Игнатов. Али Асани се повреди пред стартот на мечот и не беше во составот, додека шанса на вториот пријателски меч ќе бараат Атом Фазлиу и Анатолиј Петејчук.

Двете селекции утре ќе го одиграат вториот контролен натпревар на стадионот на ФК Сопот со почеток во 13:00 часот.