Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Денес стартуваат натпреварите од 1/4 финалето во Лигата на Шампионите
Денес стартуваат натпреварите од 1/4 финалето во Лигата на Шампионите

Денес стартуваат натпреварите од 1/4 финалето во Лигата на Шампионите

Денес стартуваат четврт-финалните мечеви во Лигата на Шампионите. На програмата се првите два натпревари.

Во „Фленс Арената“ во својот прв меч од 1/4 финалето ќе се сретнат екипите на Фленсбург и Веспрем. Познато е дека Веспрем беше дел од најсилната група А во која се натпреваруваше уште и Вардар. Унгарците завршија на второто место во групата, па во осминафиналето за противник ја имаа екипата на Спортинг Лисабон, која ја елиминираа со две победи. Фленсбург откако заврши како трет во најсилната група Б, во осминафиналето го елиминираше тимот на Брест Мешков. Мечот вечерва помеѓу Фленсбург и Веспрем стартува во терминот од 19:00 часот.

Во вториот дуел од денешната програма се среќаваат екипите на Нант и Барселона. Екипата на Барселона директно се пласираше во осумте најдобри екипи, откако завршија на првото место во најсилната група А, додека Нант за само еден гол во осминафиналето го елиминираше тимот на Рајн-Некар. Дуелот на овие две екипи вечерва ќе започне од 20:45 часот.

Во четврток на програмата е дуелот кој за нас е најинтересен и значаен, тоа е на нашиот Вардар кој за противник го има тимот на Пик Сегед. Првите мечеви од 1/4 финалето ќе бидат комплетирани со дуелот помеѓу екипите на Киелце и ПСЖ, натпревар кој ќе се одигра во недела, со почеток од 18:00 часот.