Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Вардаровата генер. 2007 дел од првото издание на младинскиот турнир во Софија „Црвен Куп“
Вардаровата генер. 2007 дел од првото издание на младинскиот турнир во Софија „Црвен Куп“

Вардаровата генер. 2007 дел од првото издание на младинскиот турнир во Софија „Црвен Куп“

Генерацијата на фудбалскиот клуб Вардар родени 2007 година во периодот од 3-5.мај ќе учествува на првото издание младинскиот турнир „Црвен Куп“ во Софија. На турнирот ќе се натпреваруваат вкупно шест екипи, кои ќе бидат поделени во две групи.

Вардарци ќе бидат дел од групат А во која ќе бидат уште и екипите на ЦСКА Софија и Ботев Пловдив. Во групата Б ќе се натпреваруваат екипите на Војводина ( Србија), Славија Софија (Бугарија) и Царско Село ( Бугарија).

Ќе се играаат две полувремиња од по 25 минути, со 10+1 на теренот. Својот прв натпревар, нашите млади надежи ќе го одиграат на 3.мај против екипата на ЦСКА Софија. Следниот ден на програмата е мечот против екипата на Ботев Пловдив. Првите две пласирани екипи од двете групи ќе играат во полуфиналето на турнирот, мечеви кои се закажани за на 5.мај, додека истиов ден ќе биде одиграно и големото финале.