Денеска стартуваат новите возбудувања од квалификациите за СП во фудбал. Двајца наши играчи ќе очекуваат настап за својата репрезентација. Тоа се, Дамир Којашевиќ и Немања Мијушковиќ. Овие двајца играчи со својата Црна Гора гостуваат во Ерменија. Овој натпревар е прв на програмата од низата утрешни натпревари.
Дамир Којашевиќ се наоѓа во извонредна форма, па се очекува и денеска да биде стартер за својата репрезентација и на натпреварот во Ерменија. Мијушковиќ најверојатно својата шанса ќе ја чека од клупата за резервни играчи. Од друга страна пак, поради повредата, Хамбарџумјан ќе ги пропушти и овие натпревари за својата Ерменија.