Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Македонија У17 ремизираше со Албанија, Ајетовиќ стартер, настапија уште и Сековски и Величковски
Македонија У17 ремизираше со Албанија, Ајетовиќ стартер, настапија уште и Сековски и Величковски

Македонија У17 ремизираше со Албанија, Ајетовиќ стартер, настапија уште и Сековски и Величковски

Младата репрезентација на Македонија до 17 години го одигра првиот од двата предвидени контролни натпревари против соодветната селекција на Албанија.

Контролната средба беше одиграна на стадионот на ФК Караорман во Струга. Македонија и Албанија одиграа нерешено 3:3.

Видовме натпревар со отворена игра, напаѓачки фудбал и шест погодоци. Избраниците на селекторот Вујадин Станојковиќ може да жалат за пропуштената победа. Нашите млади фудбалери водеа со 3:1 до пред самиот крај на средбата. Противникот успеа да се спаси од пораз, постигна два гола во самиот финиш по наши грешки и пад на концентрација.

Сите тројца вардарови играчи забележаа настап на овој прв контролен натпревар на двете репрезентации. Нуман Ајетовиќ се најде во стартните 11, додека во игра влегоа и Дарко Сековски и Андреј Величковски.