Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Втора последователна победа за помладите петлиња, генерацијата 2008 одигра со нерешен резултат
Втора последователна победа за помладите петлиња, генерацијата 2008 одигра со нерешен резултат

Втора последователна победа за помладите петлиња, генерацијата 2008 одигра со нерешен резултат

Втора последователна победа за генерација 2009 во Регионалната Скопска Лига, генерацијата 2008 одигра со нерешен резултат. Денес одигравме натпревари со екипата на Македонија Ѓ.П.

Генерациите 2008 на Вардар и Македонија Ѓ.П одиграа без победник со резултат 1:1 (1:0). Избраниците на Влатко Колев на полувреме имаа предност од 1:0 со голот од пенал во 35.минута на Душан Бојовиќ Заев, кој беше сигурен од белата точка, откако претходно во противничкиот шеснаесетник соборен беше Митаноски.

По 10. минути игра во вториот дел, Македонија Ѓ.П постигна гол и го израмни резултатот на 1:1. Ние имавме свои шанси до крајот, но немаше нова промена на резултатот.

Вардар: Павел Грбевски, Христијан Јевтоски, Филип Цветковски, Леонид Стамчевски, Иван Ташовски (К), Илија Митаноски, Душан Бојовиќ Заев, Омер Идризи, Дамјан Блажев, Ендрит Кандрији и Данило Делев.

Играше и Петар Блажевски.

Нов одличен натпревар и втора последователна победа за генерацијата 2009 предводена од Златко Тасевски. Нашите млади надежи кои условно беа домаќини на овој натпревар кој се одигра на теренот во Ѓорче славеа триумф со резултат 2:0 (1:0).

Резултатот го отворивме во 19.минута од натпреварот со голот на Даниел Колевски, кој погоди на асистенција од Коста Бошковски за 1:0. Екипата на Македонија Ѓ.П се закани во неколку наврати кон нашиот гол , од кои за едната имавме среќа, додека во два наврати добри шанси на противникот спречи Лука Грчевски.

Во вториот дел во прилика се најде Павел Котески, кој беше во последен момент блокиран од противнички играч во обид да го загрози голот на противникот. Вардар успеа да го зголеми водство на 0:2 со голот на Андреј Јовиќ во 66.минута. На голот претходеше изведен корнер после кој се создаде мешаница пред голот на противникот, топката стигна до Максим Дошев кој биеше и се одби од Јовиќ кој го смени правецот и заврши во мрежата.

Во 79.минута поради втор жолт картон беше исклучен Давид Колевски, можеби оправдан потег на нашиот играч, кој спаси речиси сигурен гол на противникот за намалување на резултатот.

Вардар: Лука Грчевски, Даниел Колевски, Максим Дошев, Павел Котески, Матеј Митревски, Коста Бошковски, Давид Колевски, Вилијам Ангеловски, Андреј Јовиќ, Лука Галевски и Мартин Смиљков.

Играше уште и Даријан Величковски.