Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Големи три бода за младинците во дербито со Шкендија, кадетите се поразени
Големи три бода за младинците во дербито со Шкендија, кадетите се поразени

Големи три бода за младинците во дербито со Шкендија, кадетите се поразени

Младинците со три бода се враќаат од Тетово, кадетите поразени од екипата на Шкендија. Денес во Тетово се играа натпревари од 14.коло меѓу екипите на Вардар и Шкендија, во рамките на кадетската и младинската Супер Лига.

Кадетите се поразени од екипата на Шкендија со резултат 2:0 (0:0). Имавме свои обиди во првиот дел од натпреварот, преку Кристијан Галевски кои за жал останаа неискористени. Најзрелата беше кога од некаде пет метри шутираше над голот на домашниот тим.

После само пет минути игра во вториот дел, противникот после центар шут од скратен корнер да ја затресе нашата мрежа и да поведе со 1:0. Се играше 58.минута кога примивме и втор гол за 2:0, од контра напад Шкендија успева да ја зголеми предноста. До крајот на натпреварот ние имавме неколку удари од далечина, но ништо посериозно кон голот на домаќинот. Пред крајот на мечот, на нашиот гол со добра интервенција се истакна Леонид Илиевски. На крајот конечни 2:0 за Шкендија.

Вардар: Матеј Митревски, Андреј Петровски, Лука Јакимовски (К), Давор Лефковски, Матеј Гаштаров, Марко Николовски, Димитар Стојановски, Зоран Фидановски, Кристијан Галевски и Филип Радевски.

Играа уште и Агрон Туша, Хабиб Бектеши, Максим Цониќ и Матеј Ѓорѓиевски.

Младинците успеаа да излезат како подобри во дербито со Шкендија, славејќи со резултат 1:2.

По првите 45 минути не видовме погодок во двете мрежи, односно резултатот беше оној почетниот 0:0.

Домашниот тим успеа прв да го отвори резултатот, со гол во 58.минута од натпреварот, но избраниците на Борче Христов успеаа да се вратат во натпреварот и да направат резултатски пресврт. Се играше 61.минута од мечот кога после центар шут на Цветков од прекин, Марко Стојилевски беше највисок во скокот, успевајќи со глава да го совлада домашниот чувар на мрежата за израмнување на 1:1. Во 72.минута направивме пресврт, Симеон Здравковски изведе аут, додаде топка до Бундалески, овој му ја остави на Огнен Здравковски кој успеа да го мине стоперот на Шкендија и да го совлада нивниот голман, за голема радост на вардарци и предност од 1:2, која ја зачувавме до крајот на натпреварот. Шанса во овој дел од мечот имаше и Тино Спасиќ, додека на нашиот гол со неколку интервенции се истакна Никола Филевски.

Вардар: Никола Филевски, Нуман Ајетовиќ, Марко Стојилевски (К), Ѓорѓи Дошев, Огнен Здравковски, Горјан Цветков, Михаил Кузмановски, Виктор Стефановиќ, Симеон Здравковски, Филип Јовановски и Тино Спасиќ.

Во игра влегоа и Максим Бундалески, Рами Рахми, Христијан Стојановски и Хадис Рамани.