ЖРК Вардар обезбеди финале во ¼-финалната група од Купот на Република Македонија. Утре во финалниот дуел кој носи Ф-4 во Купот ќе се сретнеме од 18-00 часот со тимот на ЖРК Деспина која го мина вчера тимот на РК Кузман.
Денес девојките на Царчев Александар и Платон Анжела имаа лесна задача, на домашен терен во „Круме Кепевски ‘ беа убедлви против тимот на РК Шампион. Ние победивме со резултат 32-18 (17-6)
Првиот дел на самиот почеток покажа дека ривалот нема што да бара на оваа средба, отворивме со 6-0, сите приоди кон голот на Трајкоска беа затворени, а она што ќе минеше таа го сопра. Веќе на средината на првиот дел на самиот почеток на 16.минута имавме убедливи девет гола повеќе (10-01). На одмор заминавме со 17-6 за вардаовите девојки.
Вториот дел започна како што се играше и првиот, ние бевме тимот кој доминираше во сите аспекти на ракометната игра на теренот. Од клупата добија шанси сите девојки кои беа во составот на оваа средба. Победата дојде со резултат 32-18.
Mагдалена Тошевска беше прв стрелец со 7.погодока, капитенот Диневска Бојана постигна 5.погодока, а крилото Миновска Сара стрелаше во 4.наврати.
Кај голманите Трајкоска Јована одбрани 9.удара, а пак Марија Галачева сопре 6.топки кон нејзиниот гол.