Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Грозданоски со проблем, М.Блажевски неизвесен за дербито
Грозданоски со проблем, М.Блажевски неизвесен за дербито

Грозданоски со проблем, М.Блажевски неизвесен за дербито

ФК Вардар во сабота на домашен терен го игра дербито на колото против лидерот и засега непоразен тим, кратовски Силекс.

Пред саботниот натпревар, Глигоров се соочува со неколку проблеми. Напаѓачот Дарко Грозданоски по се изгледа нема да може да му помогне на тимот поради ситна повреда. Вилдан Керим секако нема да настапи и за него полусезоната е завршена. Мартин Блажевски тренира со тимот и засега оди на тоа да започне во сабота, но и тоа сеуште не е дефинитивно. Добрата вест е што во тимот за овој натпревар нема играчи со картони, па останатите ќе можат да настапат без никаков проблем.

Можен состав за сабота: Илиќ, Мишковски, Стојанов, Велковски, Глишиќ, Николов, Ѓоргиевски,  М.Блажевски, Костовски, Блажевски и Петковски.