Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Михаела Стојановска: Има одлична атмосфера во тимот, затоа „падна“ Металург пред нас
Михаела Стојановска: Има одлична атмосфера во тимот, затоа „падна“ Металург пред нас

Михаела Стојановска: Има одлична атмосфера во тимот, затоа „падна“ Металург пред нас

ЖРК Вардар лани се засили на левата бековска позиција, со  Михаела Стојановска која во нашите редови пристигна од ривалот од Автокоманда, екипата на ЖРК Металург. Тука ги мина сите младински конкуренции,  беше дел и од Македонската кадетска селекција на шампионатот во Италија 2019. Полека за година и неколку месеци оваа млада девојка одлично се адаптираше на нашиот систем, избори место во стартниот состав. Од месец во месец во тимот на Ристова таа напредуваше, моментално е една од најефикасните три девојки во тимот и неприкосновен изведувач на пенали.

*Токму со неа разговараме за натпреварот со Металург, вчерашното дерби против нејзиниот поранешен клуб, дуел на кој традиоционално игра одлично во сите соочувања со сино-белите од Автокоманда. Таа беше прв стрелец на вчерашното дерби со седум гола.

miha2

-На вчерашниот меч сите се боревме до крај, сакавме да победиме и успеавме во таа намера. Имаме многу добра атмосфера меѓу нас и заедно со тренерите и стручниот штаб полека ја постигнуваме зацртаната цел. Сметам дека секој труд што го вложуваме на тренинзите излегува на виделина и затоа го имаме овој досегашен резултат. Вредната работа на сите нас во подготовките пред сезоната и за време на сезоната помеѓу дуелите како плод го дава успехот.
*Михаела е одлична оваа сезона, таа е непогрешлив изведувач на пенали, игра на неколку нивоа повисоко од периодот кога пристигна во вардаровиот тим.
 -Секој натпревар ми е мотивација за докажување, оваа сезона давам максимум на секој одигран натпревар во црвено-црниот дрес. Давам се  од себе да се подобрам во мојата игра, вредно работам на таа цел, треба да напоменам  дека  за тоа ми помагаат  во голема мера моите тренери.
miha
*За крај, вардаровиот бек  ни ги соопштува  нејзините очекувања за остатокот од сезоната кој е пред нас.
-Кога сме кај продолжението од сезоната, се надевам дека ќе продолжиме со победите оваа сезона како што го правиме тоа од почетокот до вчера без пораз.  Очекувам  да ја оствариме нашата цел, која е висока тоа е  секако првото место во женската сениорска лига и Купот на Република Македонија – завршува Стојановска.