Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар во лоша серија, пораз и на гостувањето кај Пик Сегед
Вардар во лоша серија, пораз и на гостувањето кај Пик Сегед

Вардар во лоша серија, пораз и на гостувањето кај Пик Сегед

Вардар е во лоша серија од четири последователни порази во Лигата на Шампионите. Вечерва Вардар беше поразен и на гостувањето кај екипата на Пик Сегед.

Со многу променливи периоди во нашата игра, на крајот од првото полувреме екипата на Пик Сегед беше во предност од 17:15. Домашниот тим прв го отвори резултатот, за Вардар да врати преку Валчак и Гаџа за прва предност. Во најголем дел од првото полубвреме, домашниот тим беше во предност, најголемата достигна четири гола разлика, а истата ја создаваше голманот Миклер кој врза неколку одбрани, наспроти Борко Ристовски, кој за 15 минути на теренот имаше само една одбрана.Во првиот дел, нашиот состав немаше решение за расположениот Тонесен кој имаше 5 гола од исто толку обиди. Во 17 минута стигна најголемото водство за домаќинот кој поведе со 11:7, што беше знак за Вујовиќ да побара минута одмор. На голот застана Мартин Томовски па некако работите започнаа да се вртат во наша корист. Дибиров го постигна својот 1.000 гол во Лигата на Шампионите и стана четвртиот играч кој му успеал вакво нешто во најголемото ракометно натпреварување. Томовски нанижа набрзина две одбрани, но Сегед ги одржуваше оние четири гола разлика. Следеше најдобриот период во играта на вардарци кои направија серија од 0:4 и со голот на Дибиров стигнаа до израмнување од 13:13. Имавме можност за попозитивен резултат од првиот дел, но Сегед погоди со звукот на сирената па на одмор замина со водство од 17:15. За одбележување во првото полувреме е и влегувањето на младиот пикер, Стефан Атанасовски кој успеа да изнуди удар од седум метри, додека денес во составот ги немавме Моралес, Тото и Мишевски. Томовски имаше одличен просек од 50% на одбранети удари во првото полувреме, или 6 интервенции од 12 упатени удари кон неговиот гол.

Тонесен го отвори вториот дел за 18:15, но Вардар прави серија од 0:3 и израмнува на 18:18 по само три минути игра. Вардар не ги користи десетте одбрани на Томовски, наместо да поведеме ние сме повторно во негатива од два гола, 22:20 во 40 минута. Повторно сме во негатива од четири голови 28:24 на 11 минути пред крајот. Избраниците на Вујовиќ се обидуваа да се вратат во игра, стигнуваа до два гола негатива, но Сегед имаше контгрола на резултатот благодарение на Миклер кој стигна до осум одбрани. Вардар на крајот е поразен со резултат 34:31.

Томовски имаше 13 одбрани, додека најефикасен беше Дибиров со 7 голови, Џукиќ и Гаџа постигнаа по 6.