Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Васоски со неколку проблеми пред утрешниот дуел
Васоски со неколку проблеми пред утрешниот дуел

Васоски со неколку проблеми пред утрешниот дуел

За фудбалерите на Вардар нема одмор. Утре следува нов натпревар и тоа во Кратово кај тимот на Силекс. Пред утрешниот дуел, Васоски се соочува со проблеми бидејќи нема да има на располагање повторно неколку стандардни играчи.

Како што дознава ,,Вардар Фанс”, нов на листата на повредени играчи се најде Чарлстон, кој нема да може да игра на овој дуел. Освен него, голем хендикеп ќе биде повторното неиграње на играчите од средината на теренот Мицевски и Најденов.

Но, тука има и неколку добри вести. Блажевски се враќа во тимот по два натпревари суспензија, а на клупата за резерви треба да биде и Мирчевски. Да не заборавиме дека и Попзлатанов е спремен за настап, еден од најдобрите играчи на ,,црвено – црните” сезонава.

Дуелот утре започнува со почеток од 13.00 часот, без ТВ пренос.