Во среда во 13 часот се игра 14. коло во ПМФЛ во кое најинтересно се очекува да биде во Кратово каде силите ќе ги одмерат Силекс и Вардар.
Главен судија на овој натпревар ќе биде Александар Ставрев од Скопје, на кого ќе му помагаат Костадинов Дејан и Димитријевиќ Дејан, исто така од Скопје. Четврти судија на овој дуел ќе биде Костенчев Никола.
На овој натпревар Вардар ќе се обиде да стигне до третата победа во низа.