Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Викендов во Македонија НЕМА да има фудбал
Викендов во Македонија НЕМА да има фудбал

Викендов во Македонија НЕМА да има фудбал

Шампионот на Македонија овој викенд требаше да гостува во Струга кај екипата на Струга Трим Лум, но овој натпревар како и сите останати од 11.коло во ПМФЛ се презакажани за следниот викенд.

ФФМ ги одложи сите фудбалски настани за овој викенд, откако денеска стапи на сила новиот општ протокол за одржување на спортски настани.

Според новиот протокол, секој клуб ќе биде обврзан задолжително да спроведе ПЦР тестови 72 часа пред почеток на секој натпревар. Доколку се појави позитивен случај, тој ќе биде изолиран, а другиот дел од екипата продолжува со активностите.