Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Нема многу време за одмор, задутре в гости со Ренова, Мечкаровски главен арбитар

Нема многу време за одмор, задутре в гости со Ренова, Мечкаровски главен арбитар

Црвено-црниот фудбалски колектив вчера на домашен терен ја нагости екипата на ФК Работнички. Момците дојдоа до победа со 2-0 во градското дерби-видео. Со оваа победа останавме на врвот на табелата со шест бода пред тетовска Шкендија. Вардар има сега 56 бода, а тетовчани имаат 50. Краток е периодот за одмор на избраницте на Гоце Седлоски тие веќе задутре играат меч од 25.коло во првата македонска фудбалска лига.

17779103_10209011955598277_652290362_o

ТАБЕЛА П.М.Ф.Л ПО 24.КОЛО!

Во среда на 5-ти март гостуваме во Тетово кај екипата на ФК Ренова. Мечот со “гипсарите“ ќе се одигра со почеток во 16-00 часот. Ренова е секогаш незгоден противник за нашиот тим, тие моментално се шести на табелата со 31 освоен бод во десегашните 24.кола од ПМФЛ. Натпреварот во среда ќе го суди Димитар Мечкаровски. Неделава ќе играме уште еден тежок натпревар против Пелистер, “македонскот фудбалско дерби“ е закажано за на 9-ти март, недела. Ние сме домаќини на  истото на Телеком Арената во Скопје.