Friday ,04 October 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Диневска: Тргнавме од Скопје со голема желба да го освоиме трофејот – Мицевска:Секогаш се трудам да допринесам за екипата и среќна сум доколку со моите одбрани тоа и го постигнам

Диневска: Тргнавме од Скопје со голема желба да го освоиме трофејот – Мицевска:Секогаш се трудам да допринесам за екипата и среќна сум доколку со моите одбрани тоа и го постигнам

Во текот на вчерашниот ден во градот Охрид се одигра завршниот турнир на најдобрите четири екипи во женската кадетска лига. Во големото финале се сретнаа екипите на Вардар СЦЈС и Металург, а првото место е за противникот од Автокоманда кои беа подобри од црвено-црните со резултат 26:21. Претходно во полуфиналето избраничките на Платон и Куманово минимално го победија Куманово. По одигрување на финалниот натпревар беа доделелни поединечни награди и беше избран идеалниот тим на завршниот турнир. Во овој избор се најдоа две ракометарки на Вардар. За најдобар голман беше прогласена Јована Мицевска, додека признанието за најдобро лево крило го доби Бојана Диневска.

vardarfans-kadetki

Впечатоците од завршните натпревари во кадетската лига и освојување на второто место можете да ги прочитате од изјавата на најдобриот голман, Јована Мицевска.

-Турнирот беше одлична можност за повторно измерување на силите и давање на максимум за освојување на највисокото место. Двата натпревари не беа воопшто лесни, од причина што имавме навистина добри противници. Бевме свесни дека треба максимално да се сконцентрираме и да одиграме најдобро што можеме, бидејќи знаевме дека не чека доста работа на теренот. Од Скопје тргнавме со мислата да дадеме се од себе и да се бориме за највисоката позиција, да играме тимски и колективно, онака како што и беше договорот со нашите тренери и соиграчи. Ние секогаш се надеваме на првото место, и даваме се од себе за да бидеме на врвот. Кон секоја екипа гледаме со големо почитување бидејќи секаде има добри играчи.

vardarfans-micevska

Мицевска беше еден од најголемите адути на нашите кадетки на овој завршен турнир. Јована е младинска репрезентивка, со настапи и за вториот тим на Вардар СЦЈС во најсилната супер-лига.

-Секогаш се трудам да дадам, допринесам за екипата и сум среќна доколку со моите одбрани тоа и го постигнувам. Наградата ми е многу драга и ми е голема мотивација да продолжам со мојата работа и труд. Амбицијата за наредната сезона е секако истата, да бидеме на врвот и да го дадеме максимумот. Оваа сезона ни беше плус искуство и можност за уште созревање и уште поголема работа, во соработка со нашите тренери кои ни ја даваат комплетната подршка и доверба во целиот овој период.

 Еден од најдобрите стрелци и играчи на Вардар оваа сезона беше токму крилото Диневска, која добрата сезона успешно ја заокружи со наградата за најдобра на својата позиција.

-Тргнавме од Скопје со голема желба да го освоиме трофејот. Бевме мотивирани да бидеме на врвот,  иако бевме свесни за квалитетот на нашиот најголем противник, екипата на Металург. Во полуфиналниот меч против Куманово триумфиравме со само еден гол разлика, доволно да обезбедиме финале со Металург кој резултираше со пораз. Секак уморот и огромниот притисок си го направија своето и не успеаве да го освоиме долго очекуваниот трофеј.

vardarfans-dinevska

-Јас лично сметам дека оваа сезона за разлика од минатата покажавме добра игра, но секогаш се разбира може и уште подобро. Секако затоа тренираме и се докажуваме и вложуваме и уште учиме низ секоја игра. Наградата иако не ја очекував да бидам искрена , ми претставува огромен мотив да продолжам да се заложувам и вложувам во тимското играње за уште поголеми резултати.

Звонко Ивановски