Предвидениот натпревар од 1/4 на купот на Македонија против Пелистер во Битола поради лошиот терен и немањето услови за игра, нема да се одигра денес. Новиот термин ќе биде дополнително објавен.
Фудбалерите на Вардар уште од вчера се во Битола, но лошиот терен и времето си го направи своето, па така тие веќе се на пат за Скопје.
Се очекува некаде кон средината на овој месец и да се одигра дуелот во Битола.