Според информациите до кои дојдовме, довчерашниот шеф на стручниот штаб на Фк Вардар, Сергеј Андреев не е повеќе тренер на Фк Вардар. Оваа вест му била соопштена денес, по што Рускиот стратег е ослободен од сите обврски кон нашиот шампион. Андреев беше тренер на Вардар една ипол сезона. Минатата сезона стана шампион во националното првенство со Вардар. Сепак сопственикот на клубот, господинот Самсоненко не му ја прости елиминацијата во второто квалификациско коло од лигата на шампионите, против тимот на Апоел. Чекаме официјална потврда и од клубот во текот на денот. Земете ја оваа информација сеуште како неофицијална.
