Како и што објавивме први пред неполн час, Сергеј Андреев е разрешен од тренерската функција во фудбалскиот клуб Вардар. Андреев, го наследи на клупата Боби Милевски и го водеше тимот во полусезоната 2013/2014, кога не успеаа да го однесе тимот ниту во европските натпреварувања. Минатата 2014/2015 успеаа да ја освои шампионската титула со екипата, но не и купот, каде испадна од Ренова. Сопственикот Самсоненко, реши да му даде шанса да го предводи тимот и на подготовките во Австрија, каде имаше слаби резултати и во второто квалификациско коло од лигата на шампионите. Нашиот шампион испадна во двомечот со Кипарски Апоел и ја заврши приказната во Европа.
Воедно клубот веќе го назначи довчерашниот спортски директор-Гоце Седлоски за нов шеф на стручниот штаб. Како што велат од клубот, господинот Самсоненко оваа одлука ја донел во соработка со менаџментот на клубот. Веќе од утре Седлоски ќе започне со новата функција во клубот, каде ќе треба да ја донесе двојната титула за Вардар во претстојната сезона.