Македонската фудбалска репрезентација до 17 години одигра со нерешен резултат (1:1) на првиот контролен натпревар против репрезентацијата на Црна Гора.
Натпреварот кој се одигра на тренинг центарот „Петар Милошевски“ заврши без победник. Црна Гора прва успеа да го отвори резултатот, додека избраниците на Тони Јакимовски израмнија пред крајот на првото полувреме. Во второто полувреме и двете репрезентации пропуштија по неколку добри прилики за постигнување на погодок, но без реализација. Најубавата прилика за Македонија ја имаше играчот на Вардар, Марко Стојилевски.
Во стартниот состав на Македонија се најдоа двајца вардарци, се работи за Марко Стојилевски и Филип Јовановски, додека шанса настап на вториот контролен дуел ќе чека Никола Величковски.