Познати се сите четири екипи кои ќе играат на завршниот турнир во ракометниот Куп на Македонија. Друштво на Вардар ќе му прават екипите на Металург, Еурофарм Пелистер и Бутел.
Откако вчера беа одиграни и последните финални натпревари во 1/4 финалните групи, познати се сите учесници на Ф4 турнирот во ова натпреварување.
Со оглед дека минатата сезона не се одигра завршниот турнир поради пандемијата со корона вирусот, Металург е актуелен освојува на Купот, откако во големото финале во сезоната 2018/19 го победи токму Вардар.
Сега, Вардар има шанси да го врати трофејот во своите витрини. Во наредниот период ќе бидат познати и полуфиналните двојки, како и домаќинот на завршниот турнир.