Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > КУП: Нови термини за Ф-4 за момците и девојките
КУП: Нови термини за Ф-4 за момците и девојките

КУП: Нови термини за Ф-4 за момците и девојките

РФМ направи измени во Купот на Република Македонија кај момците и девојките, двата Ф-4 турнири добија нови датуми во однос на првично закажаните. Момците ќе играат порано, дамите покасно од она што беше првично објавено од куќата на ракометот.

Па така Ф-4 турнирот  во машка конкуренција ќе се одигра една недела порано од предвиденото. Место на 23 новиот освојувач на Купот на Македонија ќе биде добиен на 16 мај. Полуфиналните средби ќе бидат одиграни на 14 мај, а два дена подоцна ќе биде финалето.

Кај жените, полуфиналните дуели ќе ги играат на 15 мај, а  финалето ќе биде ден потоа односно во недела на 16 мај. Првично женскиот Куп Ф-4 беше закажан на 8 и 9.мај.

Машкиот тим на Вардар 1961 и ЖРК Вардар веќе имаат обезбедено пласман на фајнал-форот па така црвено-црното семејство ќе се надева на два пехара.