Слободно можеме да кажеме дека Тимур Дибиров е едно од најдобрите леви крила што некогаш играл за нашиот Вардар. Откако дојде во редовите на ,,црвено – црните” вистинска привилегија е да се гледа. ,,Летачкото” лево крило му донесе две европски титули на Вардар, нешто што и ден денес изгледа – неверојатно!
Пред безмалку една година објавивме дека Дибиров ќе го носи дресот на Вардар и оваа сезона, а истото ќе важи и идната сезона. Дибиров нема ништо против и во новата сезона да го носи Вардар до нови победи и титули, така барем велат нашите информации!
Откако дојде во Вардар, Дибиров освои дури 19. официјални титули.