Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Нерешен резултат и пораз за Вардаровите генерации на турнирот во Бугарија

Нерешен резултат и пораз за Вардаровите генерации на турнирот во Бугарија

Денес своите први натпревари на турнирот во Благоевград ги одиграа Вардаровите генерации родени “2003“ и “2004“ година. Тие денес за противници ги имаа екипите на Левски Софија и Ботев Пловдив.

Избраниците на Томче Трајановски, генерација “2003“ беше поразена во дуелот со екипата на Левски. Конечниот резултат на овој натпревар гласеше 3:0. По првото полувреме противникот имаше водство од 1:0. Левски беше подобра екипа на теренот и на крајот сосема заслужено ја однесе победата. Останува на следните мечеви, црвено-црните да ја поправат играта и да стигнат до победи.

За разлика од нив, една годинина помалата генерација на Ане Андовски, Вардарците од “2004“ ремизираа со екипата на Ботев Пловдив. Двете екипи ги поделија бодовите играјќи со нерешен резултат 1:1. Овој резултат беше актуелен и по првото полувреме. Први во водство дојдоа Вардар со голот на Горазд Попов. Судијата на овој меч досуди два пенали за екипата на Ботев, од кои едниот не го реализираа, односно нашиот голман Стефан Тасев го одбрани ударот. Потоа стигна казна, ние поведовме, но судијата во продолжение од првото полувреме се реши повторно да покаже на белата точка. Овој пат Бугарите беа прецизни за израмнување, што се покажа како конечен резултат.

Утре не очекуваат по два натпревари за двете генерации и тоа мечевите против А. Пандев и Војводина.