Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Вардар против Салцбург во младинската ЛШ
Вардар против Салцбург во младинската ЛШ

Вардар против Салцбург во младинската ЛШ

Нашиот шампион, младинците на ФК Вардар го дознаа својот противник во младинската Лига на шампиони. Денешната ждребка сакаше силите да ги одмериме во 1/16 финалето против првакот на Австрија, тимот на Салцбург. Вардарци првиот натпревар ќе го играат на гости, на 27 или 28 септември, додека пак реваншот во Скопје ќе биде на 18 или 19 октомври.

Доколку нашиот тим го мине Салцбург, во 1/8 финалето ќе се сретнат со подобриот од дуелот Динамо Тбилиси од Грузија и Каират Алмати од Казахстан. Се надеваме на добра престава на нашите младинци предводени од тренерот Љупчо Марковски.