Monday ,07 October 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Во пионерското дерби Вардар и Шкупи одиграа реми, со кое црвено-црните остануваат лидери на табелата
Во пионерското дерби Вардар и Шкупи одиграа реми, со кое црвено-црните остануваат лидери на табелата

Во пионерското дерби Вардар и Шкупи одиграа реми, со кое црвено-црните остануваат лидери на табелата

Во скопската населба Марино денес се одигра мечот кој го носеше епитетот дерби во пионерската суперлигашка конкуренција помеѓу црвено-црните пионери и гостите од ФК Шкупи. Истиот заврши реми со резулат 0-0 со кој ние успеавме да го задржиме лидерското место на табелата. Ние мечот го стартувавме со следните играчи: Зибери, Спасиќ, Каркалашев-Трајковски, Ѓорѓиески, Рамиќ (К), Дарлишта, Адем, Бериша, Ѓорѓиевски, Беќири, Пешевски.

Први шанси имаа гостите во 2 минута кога упатија одличен удар под пречката, но вардаровиот голман Зибери одлично брани и исфрла корна со прекрасна интервенција. Откако беше изведена истата повторно Малик ја прифаќа сигурно топката и ја остранува опасноста. Црвено-црните тргнаа по двојната шанса на Шкупи во напад со цел да постигнат први гол на ова пионерско дерби. Зибери фантастичен, брани трета топка за само 5 минути, повторно одлична интервенција овој пат по шутот на Иљази. Бериша во 8 минута изведе слободен удар шутна прекрасно од 20 метра и погоди во рамката од голот, сантиметри фалеа за топката да заврши во мрежата на Шерифи. По една шанса за гостите нашиот одбранбен играч Ѓорѓиески интелигентно ја враќа топката со глава до нашиот голман. Црвено-црните во 19 минута имаат голема шанса по продор од лева страна одлично центрира Кренар до Марко Ѓоргиевски кој ја смирува топката и шутира кон голот, но не успева да го отвори резулатот. Малик продолжува да брани мотивирано и да дава сигурност на црвено-црната одбрана. Во последните 15-20 минути од првиот дел кој во оваа категорија трае 40 минути изобилуваше со игра која беше полна со контакт, борба, жар, но без посебни прилики за гол кој би се спомнале. Играта течеше помеѓу двата казнени  простора на Вардар и на гостите од скопската населба Чаир.

tz5

Вториот дел први го почнавме со шанса преку Бетиќи Саид во 3 минута од вториот дел, но истиот не успеа да постигне гол за водство. Шкупи врати со шанса две минути потоа со соло продор, но сигурниот денес Рамиќ со прекрасен клизачки старт ја остранува опасноста од пред голот на Зибери, кој акција потоа одлично прифаќа една опасна нафрлена топка во неговите пет метра. Важноста на мечот допринесува да двете екипи играат претпазливо, во 51 минута двата тренери Тодоровски Сашо и Мурсели Еркен се уште не сменија никој од стартерите и практикуваат внимателна игра во која повеќе се внимава на сопствениот гол. Црвено-црните во 55 минута првпат менуваат, тие  го внесуваат во игра Ристовски на место на Адем. Продолжува цврстата игра без посебна фудбалска убавина, но со многу борба, трчање, дуели. Опасна шанса за Шкупи во 58 минута главниот судија Младеновски досуди слободен удар на 16 метра, Ферати шутна во добропоставениот ѕид по што топката се одби во казнениот простор настана карамбол во кој за среќа успеавме да се спасиме од погодок. Успеваме да се ослободиме од притисокот на гостите топката ја префрливме во нивната половина. Вардарци се решаваат за втора замена во 66 минута Благоевиќ Милан кој го заменува Марко Ѓорѓиевски. Преку соло-влезови на Бетиќи се обидуваме да направиме нешто во продолжение тој се обидува со индивидуален потег да донесе три бода и предност на врвот на табелата на црвено-црните. Јакуп Бериша имаше одличен удар кој заврши крај голот на чаирчани во 72 минута од овој дуел. Потоа се обидовме од слободен и преку Адем сепак повторно не успеваме сериозно да го загрозиме Шерифи. Во претпоследната минута повторно опасен слободен удар за Шкупи овојпат на десниот раб од шеснаестерикот  гостите се одлучија за центар-шут преку Сефо топката дојде до Мамути кој со “ножички“ погодува крај голот. Хасан се обиде од 20 метра за гостите, но Малик Зибери одбрани во последните 15 секунди од дуелот. Заврши натпреварот со резултат 0:0.

До крајот на сезоната остануваат уште три кола за одигрување. Вардар во следното коло му гостува на Металург, додека Шкупи на домашен терен ја пречекува екипата на Работнички. Предноста и поинатаму останува еден бод во корист на црвено-црните.