Утрово на теренот во населбата Марино. помладите пионери на фудбалскиот клуб Вардар забележаа победа во дуелот со екипата на Шкупи. Моментот на одлука се случи во 75 минута кога Виктор Петкоски погоди од удар од белата точка, за водство од 1:0 и голема радост на Вардарци. Со овие три бода, се доближивме на само еден бод помалку од лидерот Работнички, а три повеќе од третопласираната Шкендија. До крајот на сезоната остануваат уште три кола за одигрување.