Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар може да започне да го лади шампањското, ни недостасува уште еден бод!
Вардар може да започне да го лади шампањското, ни недостасува уште еден бод!

Вардар може да започне да го лади шампањското, ни недостасува уште еден бод!

ФК Вардар се враќа од Кратово со големи три бода, и е на само половина чекор до нова, овој пат љубилејна десета титула. Денеска Силекс беше надигран во сите сегменти од играта, Вардар головите ги постигна преку Фелипе во 23 минута со одличен удар од слободен и со голот на Драган Ќеран во 62 минута за конечни 1:2. На овој натпревар Вардар започна во овој состав: 29. Пачовски, 6. Грнчаров, 7. Љамчевски, 8. Спировски, 11. Асани, 16. Глигоров, 17. Стојков, 19. Хамбарџумјан, 21. Новак, 70. Фелипе, 99. Којашевиќ. Резерви беа: 90. Гачевски, 10. Дашјан, 14. Велковски, 18. Ќеран, 20. Николов, 32. Глишиќ, 77. Брдаровски.

Вардар започна напаѓачки уште од првата минута, кратовци во првиот дел упатија само еден единствен удар кон голот на Пачовски, но и тој удар беше млак по средината на голот. Вардар првата посериозна шанса ја имаше во 9 минута кога Хамбарџумјан продре по страна, додаде до Којашевиќ но таа топка за малку не дојде до нашиот играч. Во истата акција нафрли Љамчевски од корнер, Грнчаров биеше со глава, но еден играч на Силекс исфрли од самата гол линија. Во 23 минута Фелипе покажа зашто оваа сезона е најдобар играч во нашиот тим. Од слободен, од преку 25 метри со еден одличен прецизен удар го совлада домашниот голман за голема радост и водство. До крајот на првиот дел Вардар имаше и шанси преку Асани и Стојков но остана 0-1 по првиот дел.

Започна и вториот дел. На местото на Ацо Стојков во игра влезе Драган Ќеран во 46. минута. Во 48 минута Силекс израмни на 1-1 и работите ги постави како на почеток. Во 62 минута навивачите на Вардар можеа да здивнат, Вардар поведе повторно, топката мина крај неколку играчи на Силекс среќно дојде до Драган Ќеран кој беше сам со противничкиот голман и стрелаше рутинирано по земја за 1-2.  Во 63 минута се изврши и втората замена во Вардар, Артак Дашјан влезе во игра на местото на Дамир Којашевиќ. Во 72 минута, Новак пропушти голема шанса за гол и точка на натпреварот, биеше со глава од неколку метри но покрај голот на Силекс.  Вардар постигна погодок во 73 минута, но голот беше поништен поради офсајд позиција во која се најдоа нашите играчи. Во 82 минута влезе во игра и Бобан Николов на местото на Јасир Асани.
Крај на натпреварот 1-2. Честитки за победата!