Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар непоразен, но Веспрем е екипата што ќе патува во Келн
Вардар непоразен, но Веспрем е екипата што ќе патува во Келн

Вардар непоразен, но Веспрем е екипата што ќе патува во Келн

По една голема борба во текот на сите 60 минути, екипата на Веспрем успеа да се пласира на завршниот турнир, благодарение на трите гола предност од првиот меч во Скопје. Има за што да жалиме на овој меч на кој цело прво полувреме водевме и со највисоки четири гола. Сепак во вториот дел, Веспрем го презема водството, иако во последните пет минути, Вардар беше екипата што водеше.

Првите два гола за нашиот ракометен шампион беа дело на крилото Тимур Дибиров за предност од 1:2. Веќе по 5 минути игра, црвено-црните имаа водство од 1:4. Одлично го започнавме овој дуел, голема броба се водеше на теренот за секоја топка, а мотивираноста на Вардарци беше на највисоко ниво. Штербик успеа на почетокот да наниже две одбрани. Како добро игравме во одбраната говори податокот, дека првите два погодоци за доимаќинот беа со удари од седум метри и тоа на Момир Илиќ. Продолжи мечот во едно силно темпо, кој пред се го наметнаа црвено-црните, тоа ни носи највисоки четири гола позитива (2:6), со голот на Шишкарев во 11 минута од дуелот. Еден од најдобрите противнички играчи Ласло Наѓ враќа со два гола во серија, за намлување на 4:6. Повторно во 17 минута успеваме да ги вратиме оние најголеми четири гола разлика и повторно крилото Шишкарев успешен реализатор за резултат 5:9 во 17 минута. Во следните десет минути речиси се игра гол за гол на двете страни, што ни овоможува на нас да ја одржуваме предност, која во тие моменти ни носеше пласман во Келн. Со  вториот погодок на Манасков од пенал, поведуваме со 10:14. Сепак до крајот на првиот дел, Веспрем ги псотигнува последните два гола, за на полувреме да замине со негатива од 12:14.

Вториот дел започнува со погодок на противникот за намалување на еден гол 13:14. После 1:1, второто израмнување се случи о 34 минута, кога Палмарсон погодува за 15:15. Дибиров од втор обид успеа да погоди, за да го врати водството на Вардарци. Карачиќ не успева да погоди од чиста позиција, затоа на спротивната страна казнува Вееспрем, за прва предност на овој натпревар 19:18 во 40 минута од мечот. Алиловиќ се разбрани во второто полувреме и веќе ја забележува својата десетта одбрана. На нашиот гол, доаѓа до замена Ангелов го заменува Штербик и веќе ја бележи втората одбрана. Вардар не се предава така лесно и со голот на Душебаев израмнува на 20:20. Во овој период од играта, Унгарскиот шампион го контролира резултатот и има постојано водство, кое не е повеќе од два гола.  На 8 минути пред крајот тренерот Сабате повикува тајмаут, откако Душебаев погоди за 26:25. Истиов играч успешно стрела од тешка позиција за израмнување и надеж за Вардар дека  може да ги анулира трите гола негатива од Скопје. Следува незивесна завршниа во Веспрем арената, Брумен погоди за водство од 27:28, во истава акција судијата покажа две минути исклучување за еден од домашните играчи. Сепак Момир Илиќ е незапирлив и со својот 7 гол израмнува на 28:28. Конечниот резултат гласеше 30:30.

Трета година по ред, црвено-црните се меѓу најдобрите осум екипи во Европа, што е исто така голем успех.