Кадетите на фудбалскиот клуб Вардар одиграа 1:1, на првиот полуфинален натпревар од купот на Македонија. Денес на теренот во населбата Јане Сандански се одигра првиот полуфинален меч, помеѓу екипите на Вардар и Академија Пандев.
По првото полувреме резултатот беше оној почетниот 0:0. Двата гола паднаа во вториот дел, а први кои поведоа беа црвено-црните со 1:0 со голот на Дејан Маркоски. Сепак во финишот на мечот, противникот успеа да постигне гол и да го израмни резултатот на 1:1. Овој резултат на беше и конечен на крајот. Вардарци ќе имаат тешка задача за седум дена на реваншот во Срумица, да обезбедат пласман во финалето, иако и овој резултат е активен за избраниците на Влатко Колев.
Во текот на вчерашниот ден четири наши генерации одиграа полуфинални натпревари во купот. Беа забележани три победи и еден пораз.
ФК Вардар: Денковски, Тодоров, Серафимов, Јордановски, Антовски, Џуклески, Наскоски, Трајчевски, Маркоски, Стоименов, Колевски.