Се е подготвено за големиот ракоемтен спектакл. Пред С.Ц. Јане Сандански започна да се насобира толпа од луѓе, кои преку видео бим ќе му даваат поддршка на нашиот Вардар, во историската шанса да се стигне до завршниот турнир во Келн. Малку дождот ги разбега луѓето, но тие ќе бидат тука да го гледаат мечот. Секако сите кои не стигнаа до билет, овој натпревар можат да го проследат пред самата арена, односно пред фан зоната која ја организира ракометниот клуб Вардар.