Wednesday ,01 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > ФК Вардар генер. 2007 ќе игра во полуфиналето, додека генер. 2006 за трето место на турнирот во Несебар
ФК Вардар генер. 2007 ќе игра во полуфиналето, додека генер. 2006 за трето место на турнирот во Несебар

ФК Вардар генер. 2007 ќе игра во полуфиналето, додека генер. 2006 за трето место на турнирот во Несебар

Во текот на денешниот ден започнаа елиминациските натпревари на турнирот во Несебар.

Генерацијата 2007 на Вардар во четвртфиналето ја совлада екипата на ФА Пловдив со резултат 2:0. Стрелци на головите беа Александар Грашески и Михаил Јорданоски. На тој начин нашите млади надежи се изборија за пласман во полуфиналето на турнирот во Несебар против екипата на Зимбру, кое на програмата е утре наутро, а доколку победиме ќе играме и во финалето кое ќе се одигра во вечерен термин.

Генерацијата 2006 не успеа да обезбеди финале, откако во полуфиналето доживеа минимален пораз (1:0) од екипата на Ботев Пловдив. На тој начин, црвено-црните утре во борбата за третото место ќе се сретнат со екипата на Атлет Киев, додека во големото финале ќе играат екипите на Дусхс од Украина и Ботев Пловдив од Бугарија.