Генерацијата 2004 на ФК Вардар го освои второто место на меѓународниот младински турнир „Срце Куп“ кој се играше во БИХ. Во големото финале, нашите млади надежи беа поразени од екипата на Будуќност 04 со резултат 2:0.
Вардар: Ангелов, Љушев, Јаневски, Милошевски (c), Павлески, Каровски, Здравковски, Стоимов, Левент, Идризи, Гуџуфи.
По одигрување на завршните натпревари, беа доделувани и поединечни награди. За најдобар играч беше прогласен играчот на Вардар, се работи за повратникот во екипата, Огнен Здравковски кој две години помина во Академијата на ФФМ, додека признанието за најдобар голман заврши во рацете на Наум Ангелов.
На целокупниот турнир одигравме пет натпревари, на кои забележавме три победи против екипите на Џаково (2:0), Ступчаница (6:0) и Будуќност 05, ремизиравме во групата со Будуќност 04, додека од истиов противник бевме поразени во финалниот дуел (2:0).