Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Пионерите на РК Вардар се наоѓаат во Струга каде играат пријателски натпревари
Пионерите на РК Вардар се наоѓаат во Струга каде играат пријателски натпревари

Пионерите на РК Вардар се наоѓаат во Струга каде играат пријателски натпревари

Пионерите на ракометниот клуб Вардар се наоѓаат во Струга, каде ќе одиграат неколку пријателски натпревари. Избраниците на Зоран Петковски ја темпираат формата, со оглед дека многу рано ја финишираа сезоната од младинските екипи на РК Вардар.

Во изедначен и борбен натпревар што го одигравме во салата Билјанини извори во Охрид со домаќините победивме тесно со 21:20. Интересен и пријателски натпревар каде добија шанса сите ракометари, со невиден такмичарски дух ги победивме малку повозрасните кадети на Охрид. На овој натпревар настапивме без Андреј Петрушевски поради повреда. Денес продолжуваме со попладневни натпревари против кадетите на Струга. Во овој период иако поодамна е завршен натпреварувачкиот дел, добредојдени ни се пријателските натпревари.